Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Над 3.000 учесници на ревијалната Виз Ер Скопје 5 км трка!

Утрово вообичаената неделна тишина во центарот на Скопје беше прекината од вревата на многубројните учесници кои се појавија да зeмат учество на ревијалната Виз Ер Скопје 5 км трка која започна точно во 09 часот.

Над 3.000 учесници на своите стартни позиции, по звукот на алармот за старт, го започнаа својот ревијален круг, стартувајќи од улицата Димитрија Чуповски на Рекорд, низ булеварот Климент Охридски, низ Илинденска, Франклин Рузвелт и долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов се упатија назад кон финишот.

реклама

„Навистина сме изненадени од големиот број на учесници кои несебично ја дадоа својата поддршка денес со тоа што ја истрчаа оваа трка од ревијален карактер. Сакам да им се заблагодарам на сите љубители на спортот и трчањето, на сите аматери и професионалци кои утрово заедно создадоа неверојатна позитивна атмосфера токму во центарот на Скопје. Навистина ми е драго, и сите кои учествуваа, а и оние кои немаа можност, ги поканувам на наредниот Скопски Маратон на 8 мај 2016,“ изјави Кире Синадиновски, директор на Скопскиот Маратон

This slideshow requires JavaScript.

На социјалните медиуми, постојано се зголемува бројот на разни фотографии од учесниците кои беа дел од трката, кои можат да се најдат под хаштаговите на трката #SKMtogether и #BeActive.

Воедно на многубројни компании им беа доделени благодарници за учество во трката, а за компаниите со најмасовни екипи, организаторите првото место го доделија на компанијата Seavus, второто место на Тим Телеком, а третото место на компанијата Johnson Matthey.
Виз Ер Скопскиот Маратон навистина продолжува да пулсира со срцето на градот и сите негови поддржувачи.

Реализираната Виз Ер Скопје 5км трка е дел од Европската недела на спортот која е поддржана и организирана од Европската Комисија. Македонија преку оваа трка стана дел од спортските активности кои се случуваат во Европа во периодот од 7ми до 30ти септември 2015. Трката е и дел од календарот на спортски настани http://ec.europa.eu/sport/week/ и е една од 116те улични трки кои се одржуваат во 34 Европски земји.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.