Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Северина го „размрда“ Скопје!

Порта Македонија вчеравечер се претвори во центарот на сите случувања благодарение на музичката програма што беше подготвена за големиот музички спектакл. Телеком ја вети најголемата забава во градот и го исполни ветувањето.

Илјадници луѓе од различни возрасти уживаа во музичката забава која ја приреди Македонски телеком по повод станувањето еден бренд, еден Телеком.

реклама

Концертот започна Каролина со песните од последниот албум „Македонско девојче“. Публиката во еден глас со неа ги пееше стиховите на „Две лири“ , „Ружа Ружица“, „Пролет лето есен зима“ и ред други хитови, додека Гочева со својот префинет стил и моќен глас блескаше на сцената.

Следуваше вистинско „откачување“ со хрватската поп атракција, Северина Вучковиќ.Неверојатна секси појава, висока потпетица и Севе стисна на гасот подигнувајќи ја атмосферата на едно сосема поинакво ниво. Жената која зад себе има 25-годишна кариера предизвика еуфорија во центарот на Скопје.

Вечерта беше резервиран за светскиот DJ, Дејвид Моралес. Неговите сетови ја забавуваа публиката до два часот по полноќ, претворајќи го центарот на градот во клуб на отворено.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.