Следи нѐ
To Top

Документарецот за ТАТ денес дел од програмата на фестивалот „Браќа Манаки“

„ТАТ – Транзициска еуфорија или национална измама“ е насловот на долгометражниот документарен филм посветен на најголемата пирамидална штедилница во Македонија, денес со почеток во 17 часот ќе биде претставен во малата сала на Центарот за култура во рамките на 36. на ИФФК „Браќа Манаки“.

Оваа 47- минутна сага за ТАТ во продукција на „Видеомозаик“ од Битола, четири месеци макотрпно ја работеше режисерот Сашо Миленковски, кој сместил делови од разговорите што ги имал со дел од актерите, директно инволвирани во аферата некогаш и сега, пренесувајќи ја пораката дека штедилницата беше проект кој покоси глави на политичари, но уште поважно на наивни и невини граѓани.

реклама

Во подготовката на документарниот филм за ТАТ, режисерот потрошил три месеци и се сретнал со 17 соговорници. Некои од нив не се охрабриле да застанат пред камера, но обезбедиле податоци. Времето посветено за изработка на филмот, собирањето податоци, контакти со директно инволвираните лица, претставуваат нов предизвик за режисерот Сашо Миленковски да продолжи да работи на оваа тема.

„Откако го завршив филмот, видов дека феноменот ТАТ сеуште е многу присутен и дека има многу да се работи на оваа тема од повеќе аспекти. Можеби еден од нив е психолошкиот, а ние веќе имаме материјал за цел серијал“ изјави режисерот Сашо Миленковски.

За новинарите во тоа време било вистински предизвик да се работи на темата ТАТ, но и голем проблем.

„Работејќи како новинар во ТВ Орбис, тогаш наидував на затворени врати, иако влегов заедно со супервизорот во банката. ТАТ беше голема криминална измама“рече Димитар Спасевски – поранешен новинар во ТВ Орбис.

И до ден денес, штедачите од пропаднатата штедилница ТАТ не можат да ја добијат правдата низ македонските судови. Следна станица на барање на правдата е судот во Стразбур.

„Правдата не ја добивме дома, па ќе ја бараме надвор. Иако најавивме, не презедовме порадикални чекори во однос на штрајкови. Со тек на време и бројот на живите штедачи опадна“ истакна Пеце Гугучевски – претседател на здружението на штедачи.

Аферата ТАТ, која во јавноста пукна на 7 март 1997 година, остави длабоки траги македонската економија, особено во регионот на Битола .Се смета дека над 100 самоубиства на поранешни штедачи на ТАТ се директна последица на аферата, која во тоа време тежеше околу 120 милиони марки. Филмот „ТАТ– Транзициска еуфорија или национална измама“ е направен во продукција на Видео мозаик со поддршка на ТВ Орбис, поддржан од Агенцијата за филм на РМ. Инаку и до ден денес, штедачите од пропаднатата штедилница ТАТ не можат да ја добијат правдата низ македонските судови. Следна станица на барање на правдата е судот во Стразбур.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.