Следи нѐ
To Top

Поетски читања низ цела Македонија за Неделата на промоција на хумани вредности

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата.

Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 13 до 17 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за добробит на своите заедници. Оваа година, од страна на младинците учесници во ПХВ циклусот 2015, изработени се 192 мали проекти преку кои им е дирекно помогнато на околу 4000 лица.

реклама

Имајќи ја предвид Стратегијата 2020 на Црвениот крст на Р. Македонија, во која третата стратешка цел е унапредување на социјалната вклученост и култура на ненасилство и мир, од пред 4 години е воведена нова недела во традиционалниот календар на активности, недела на Промоција на хумани вредности, од 21-27 септември.

12023263_10207005367759848_612622400_n

Оваа година во рамките на одбележувањето на ПХВ неделата ќе се организираат ПХВ поетски читања. Младите ќе имаат можност да истражуваат кои поети твореле во нивните градови и истото да го презентираат пред публиката.

Настаните во целата држава ќе се одржат од 21-27 септември во секој град каде има канцеларија на Црвен крст.

Преку поезијата младинците ќе испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирање кои се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.