Следи нѐ
To Top

Учениците од ОУ „11 Октомври“ од денеска на настава

Учениците од основното училиште „11 Октомври“ од денеска повторно почнуваат со редовна настава.

Во соопштението од училиштето се наведува дека согласно официјалните резултати од надлежните институции водата е хемиски и бактериолошки исправна, а не се најдени ниту концентрации поголеми од дозволените во воздухот. Одлуката е донесена по заедничката средба на заменик министер за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

реклама

– Деновиве училиштето е целосно дезинфицирано, а причина за отсуствата на учениците се високите температури и вирозните заболувања, се вели во соопштението.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.