Следи нѐ
To Top

Авон Македонија прослави 10 години постоење на македонскиот пазар

Компанијата го прослави 10-годишниот јубилеј од отворањето на канцеларијата во земјава, а одговорните посочија дека нивна задача не е само да продаваат производи, туку да ѝ овозможат на секоја жена да го покаже своето најубаво лице.

Можност за развој на повеќе од 95.000 индивидуални бизниси, како единствен или дополнителен извор на приход, се резултат од 10-годишната работа на компанијата АВОН Македонија. Ова е само еден од врвовите од досегашното делување на брендот што минатиот четврток (17 септември) во ресторанот „Везилка“ со одлична забава го одбележа деценискиот јубилеј во земјава.

– Пред 10 години само 300 Авон Претставници го започнаа патувањето со нас, а сè до денес, им дадовме можност на повеќе од 95.000 Претставници да го исполнат својот сон. Само за споредба, тоа е бројка поголема од популацијата на вториот по големина град во Македонија – Битола и верувам дека со нашиот раст од ден во ден таа бројка ќе се зголемува и наскоро ќе биде на ниво на Скопје – вели Дана Стојкова, Национален менаџер на продажба на АВОН Македонија.

Компанијата лидер во директна продажба во Македонија, покрај тоа што ѝ овозможува на својата продажна структура да изгради сопствен бизнис, исто така делува и во доменот на општествената одговорност. Досега има донирано повеќе од три милиони и 700 илјади денари за Борбата против ракот на дојка, а активна е и со својата филантропска кампања за Борба против семејното насилство. Со неа, 100 отсто од профитот од продажбата на производите одат во прилог на оваа цел. На овој начин, беше кажано на настанот, Авон Македонија истакнува дека е компанија вистински ориентирана кон жената, и тоа не само кон нејзината убавина, туку и комплетна благосостојба.

– Ние не продаваме само производи за убавина, туку ѝ овозможуваме на секоја жена да го покаже своето најубаво лице. Заедно го исполнуваме нашиот сон од детството овој свет да го направиме подобро место за живеење и заедно го остваривме нашето успешно минато и сега ја креираме иднината на АВОН! – дополнува Стојкова.

Козметичкиот гигант моментно продава по 250 производи секој час, односно по четири производи секоја минута, и својот јубилеј го заокружува со продажба од 23 милиони производи за убавина годишно. Исто така, на прославата беше кажано дека компанијата повеќе од 6 години наназад е број 1 во изборот на мириси за потрошувачите во Македонија, а е високо рангирана и кога станува збор за изборот на шминка и производи за нега на кожа.

Водител на настанот беше Сашко Коцев, а присутните имаа можност да погледнат танц со сенки изведен од трупа предводена од балерината Саша Ефтимова. На 10-годишнината специјална гостинка беше и Каролина Гочева, новото заштитно лице на компанијата, која ѝ го честиташе роденденот на Авон Македонија и имаше настап посебно подготвен за оваа пригода.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

error: Содржината е заштитена со авторски права.