Следи нѐ
To Top

Есента започнува со сончево, но студено време

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот 21 минута и 33,26 секунди. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.

На почетокот на есента, Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

реклама

Времето на првиот есенски ден ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет кои повеќе ќе бидат застапени во југозападниот дел на Македонија. Максималната температура ќе достиге до 29 степени.

Есента ќе трае до 22 декември во 05 часот и 48 минути кога настапува зимата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.