Следи нѐ
To Top

Џенифер Лопез се подготвува да го освои Лас Вегас

Убавата Џенифер Лопез наскоро се подготвува да го освои Градот на гревот, како што популарно се нарекува Лас Вегас и таа не ја крие возбудата поради тоа.

Нејзиниот претстој во Планет Холивуд Хотелот и казино каде досега пееле Бритни Спирс, Селин Дион и Мараја Кери, ќе биде со многу изненадувања и специјални ефекти, како што открива таа, а ќе започне на 20 јануари 2016 година.

реклама

– Ова се многу поинтимни настапи, отколку кога сте на турнеа. Додека на концертите има околу 10 – 20 илјади луѓе, тука има само четири до пет илјади, така што и чувството е поинакво. Многу сум возбудена затоа што луѓето најпосле ќе можат да ја почувствуваат мојата вистинска енергија, откри Џенфер во неодамнешното интервју.

На плакатот кој ги најавува нејзините настапи Џенифер е облечена со фустан од дијаманти, а со оглед на тоа како изгледаат нејзините костими за настапи, може да се претпостави како ќе изгледаат оние се наменети за Вегас.

– Овој пат имаме друг тим  за костимите, затоа што сакаме тие да бидат екстравагантни. Сакаме луѓето да останат без зборови кога ќе ги видат, призна 46 годишната Џенифер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.