Следи нѐ
To Top

Иванов на Курбан Бајрам во џамијата во Шуто Оризари

По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја посети џамијата во општина Шуто Оризари, каде што присуствуваше на утринската молитва и на верниците муслимани им го честиташе празникот.

– Сакам на сите муслимани да им го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Ова е празник кога треба да им се помогне на сите кои им треба помош, да им се даде утеха на сите што им треба утеха, да се биде солидарен, и да се помагаат луѓето меѓу себе во добрите дела. Им посакувам тоа што го прават овој ден, да го прават во текот на целата година, рече претседателот Иванов.

реклама

Тој порача дека во духот на нашата традиција е да се почитуваме меѓу себе, да ги почитуваме нашите разлики, да ги почитуваме нашите обичаи, и да бидеме сплотени заедно како што биле нашите предци и нашите родители.

Претседателот Иванов при посетата на џамијата во Шуто Оризари беше придружуван од пратеникот Амди Бајрам и заменик  министерот за образование Спиро Ристовски.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.