Следи нѐ
To Top

Метеоролозите предвидуваат снежна зима во Македонија

Експертски тим од Управата за хидрометеоролошки работи подготви анализа за можните изгледи за времето во текот на сезоната есен – зима 2015-16.

При тоа користени се податоци од УХМР, информации и продукти од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето, Националниот центар за атмосферски истражувања на САД како и останати расположиви центри. Колку и да е сезонската информација за времето со помала остварливост, сепак Управата, се одважи да за потребите на граѓаните и институциите во државата со сопствени ресусрси, знаење и искуство да подготви и воведе во својата операативна практика, ваква информација-која претставува сезонска рамка за можните изгледи за времето во Македонија во текот на есента (која календарски започна) и престојната зима.

реклама

Прогноза за месец октомври

Според анализите врз основа на прогностичките модели од ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза), Рединг, В.Британија, во текот на следните месец дена во однос на температурите и понатаму не очекува релативно топло време, меѓутоа со температури околу просекот за овој период од годината, а не екстремно високи како што беа во изминатиот период.

Најтопло се очекува во втората недела од прогнозираниот период (28.09 до 04.10), кога температурата се очекува да биде за околу 2 степена повисока од просекот за овој период од годината. 21.09-27.09.2015 28.09-04.10.2015 05.10-11.10.2015 12.10-18.10.2015 2 Прогноза на максимална температура за Скопје (21.09 до 04.10.2015) Прогнозирана максимална температура за Скопје за следните две недели според прогностичкиот модел на ECMWF. Средната задебелена линија ја дава просечната температура за овој период, што значи дека во следните две недели не очекуваат температури претежно околу просечните за овој период од годината. Според анализите врз основа на прогностичките модели од ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза), Рединг, В.Британија, во текот на следните месец дена не очекува нешто поврнежлив период. Најмногу врнежи се очекуваат во текот на оваа недела, за околу 30л/м2 повеќе од просекот за овој период, а најмалку во четвртата недела, кога се очекува да бидат околу просекот.

Според прогностичките материјали кои УХМР ги превзема од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето (ECMWF) во Рединг и Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), а врз основа на стручните анализи и методи кои се применуваат во Секторот за метеорологија се предвидува дека есента и зимата во Македонија ќе бидат малку потопли и повлажни од просекот. Тримесечната прогноза на времето во Македонија за период септември- ноември покажува дека температурите на воздухот ќе бидат во граница на просечните вредности.

Количината на врнежи оваа есен се очекува да биде поголема од просекот, особено во источна Македонија. Постои голема веројатност дека температурите за зимскиот период (од декември 2015 до февруари 2016) да бидат повисоки од просечната вредност за многугодишниот период 1981-2010. Поголема веројатност за повисоки вредности од просечните постои во североисточниот дел на земјата, но тоа надминување нема да биде повеќе од 3°C. Што се однесува до врнежите во овој период, малку надпросечна количина даваат повеќето модели. Поизразито ќе биде во централниот и особено источниот дел на Македонија. Исто така постои веројатност во зимската сезона да се јават периоди со постудено и суво време, како и веројатност за изразени негативни 4 отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата и врнежите. Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 за есента е од околу 8°C во планинските предели до 16,9°C измерени во Гевгелија.

Врнежите во овој период биле од 127,0mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6mm во Лазарополе. Во зима температурата се движела од -1,5°C во Маврово до 5,0°C во Гевгелија. Врнежите биле во опсег од 90mm во Штип до 318,9mm во Лазарополе.

Агрометеоролошки осврт според прогностичките материјали дека нареднава есен и зима ќе бидат потопли и повлажни, ако се земе во предвид сушата од изминатиот период и големото дехидрирање на почвата и во подлабоките слоеви, ваквите зголемени врнежи ќе допринесат и за зголемена влажност во почвата, што ќе овозможи успешно изведување на есенската сеидба, потоа успешно поникнување и развој за навлегување во поповолни услови за презимување и во понапредни фази на развој, каде осетливоста на културите кон ниски температури е многу помала.

Повисоките или просечните температури на воздухот покрај врнежите се неопходни за нормално поникнување, а тоа значи ќе се постигнат и повисоки температури на почвата на 5 см. длабочина, делот од почвата каде во овие фази од развој се наоѓа кореновиот систем. На самиот почеток на есента ваквите температури се добредојдени и за собирање на родот од овогодишнава реколта и за реализирање на работите на отворено.

Зимскиот период со зголемени количества на врнежи, значи и поголеми резерви на вода во подлабоките слоеви од почвата, потребни за раниот развој во пролет, и кај есенските посеви така и кај овошките и виновата лоза кои се многугодишни култури, и црпат вода и од подлабоките слеви. Присуството на снег и на снежна покривка е од голема важност за посевите кои се нај изложени на надворешните влијанија, така, зголемените врнежи во текот на зимата најчесто се од врнежи од снег, кои се очекуваат во текот на зимата.

Особено битно за земјоделството во Републиката е тоа што се очекуваат зголемени врнежи во централните делови од Републиката каде што во еден подолг период врнежите беа пониски од просечните а влажноста во почвата секогаш беше на пониско ниво, така да сега би можеле да очекуваме и подобрување на состојбата најчесто во Овче Поле каде сушните периоди се нај изразени, а типот и составот на почвата во најголем дел го диригираат започнувањето и завршувањето на обработката на почвата а со тоа влијаат и на самата сеидба.

Хидролошка изгледи за претстојниот период Според синоптичката прогноза за времето во наредниот месец (21.09.2015-21.10.2015) не очекуваат просечни температури на воздухот и малку над просечни врнежи од дожд за тој период од годината со посебен акцент на првата недела од месецот кога се очекува врнежите да бидат пообилни односно да бидат за 30l/m2 над просечните. 5 Во изминатиот период преовладуваше доста топло и суво време така што подземните резерви на вода полека почнуваа да се намалуваат. Денешните врнежи од дожд (21.09.2015) се добредојдени во тој поглед и ќе допринесат за зголемување на водата во подземните водоносни слоеви и достигнување на просечни водостои во водотеците.

Прогнозираните пообилни врнежи во неделата што претстои (21.09.2015–28.09.2015) исто така можат да допринесат за зголемување на влажноста на почвата и да доведат до извесно зголемување на протекот во реките. Согласно на временската прогноза генерално се очекува протечните количини на вода во водотеците за наредниот месец (21.09.2015- 21.10.2015) да се движат во границите на просечните вредности или да бидат малку над повеќегодишниот просек за тој период од годината. Меѓутоа, сакаме да ставиме до знаење дека доколку врнежите од дожд бидат интензивни и доколку за кратко време паднат големи количини на врнежи ќе има можност за релативно брзо зголемување на водостојот во реките, особено на помалите водотеци со мала сливна површина и стрмни падови кај кои што времето на концентрација на водата е доста мало и каде што паднатите врнежи веднаш би се трансформирале во површинско отекување.

Ова особено се однесува на југозападните предели од државата каде според прогнозата за наредниот месец се очекчува врнежите да бидат пообилни. Според временската прогноза претстојната есен и зимата се очекува да бидат малку потопли и повлажни од просекот. Согласно на тоа водостоите во реките ќе се карактеризираат со просечни или малку надпросечни вредности во однос на повеќегодишниот период.

Доколку врнежите бидат пообилни и траат последователно повеќе денови можно е да дојде до заситување на почвата со влага и позначително зголемување на проточните количини во водотеците што е најмногу својствено за месец ноември и декември.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.