//
Следи нѐ
To Top

Осмо ѕвездено небо во чест на Тоше Проески

Традицонално, на 5. октомври верните фанови на легендарниот Тоше Проески ќе учествуваат во формирање ѕвездено небо во негова чест на градскиот плоштад во Скопје.

Годинава ќе биде осма по ред како се одржува овој настан во чест на последниот концерт на Тоше Проески.

реклама

-Годините поминуваат но, традицијата, верноста и посветеноста на фановите останува.

И оваа година ве покануваме да бидете дел од настанот кој се одржува по седми пат во чест на последниот концерт на Тоше.

Вашето присуство на овогодинешниот настан би ни причинило посебно задоволство.
Ќе се запрашате зошто?
Време е за нешто НОВО!
Нови мелодии, нови ноти, нова љубовна приказна преточена во НОВА ПЕСНА која ќе биде уште еден доказ за неговата љубов и посветеност кон музиката!, се вели во поканата на Фејсбук страната на фан клубот на Тоше Проески.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА:

  • Концерт на Тom Odell во Скопје oваа среда во МКЦ!

    Музичката сензација на новата генерација, вонсериски талентираниот и наградуван британски кантавтор Tom Odell кој во моментов е на светска турнеја на...

    Информативна Редакцијасептември 26, 2015
  • EXIT Dance Arena моќна како никогаш досега!

    Откако своето враќање на една од најголемите светски електронски сцени прв го потврди големиот Carl Cox, и останатите најпосакувани хедлајнери на...

    Информативна Редакцијасептември 26, 2015
  • Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај

    Фудбалската федерација на Македонија се приклучува кон кампањата на Агенцијата за млади и спорт во процесот на спротивставување и спречување на...

    Информативна Редакцијасептември 26, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: