Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: Вечерва на небото ќе се затемни „крвавата“ Месечина – феноменот ќе се гледа и од Македонија

Американската агенција NASA објави видео материјал, во кој детално го појаснува феноменот на „крвавата“ Месечина.

Ноќта од неделата кон понеделникот и од Македонија ќе може да се види необичното затемнување на Месечината, коешто ќе се совпадне со појавата Супермесечина.

реклама

Месечината ќе се наоѓа најблиску до Земјата од својата орбита. Поради тоа овој сателит на Земјата ќе се појави со пречник за 14 отсто поголем од вообичаеното, поради што оваа појава се нарекува Супермесечина.

Истовремено ќе се случи и затемнување, самата Месечина ќе биде во сенката на Земјата, поради што нејзиниот сателит ќе добие црвеникава нијанса, којашто ќе ја направи Супермесечината „крвава“.

Овој феномен е исклучително редок, во минатиот век можел да се види само неколку пати. Последен пат „крвавата“ Месечина можеше да се види во 1982 година, а следниот пат се очекува во 2033 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.