Следи нѐ
To Top

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето

Институтот за јавно здравје на Република Македонија, со поддршка на Министерството за здравство, денеска ќе го одбележи Светскиот ден на срцето – 29 септември.

Светскиот ден на срцето годинава се одбележува под мотото „Избори за здраво срце за секого, секаде“. За таа цел од 10 до 14 часот во Градскиот парк во Скопје, кај Школка ќе има бесплатни превентивни прегледи, ќе се дистрибуира пропаганден материјал со содржини за правилни избори за здраво срце, ќе има ликовна работилница и изложба на детски цртежи посветени на срцето и здравите навики.

реклама

Организацијата на настанот е во соработка со НВО Здрава иднина, здружение за превенција од кардиоваскуларни болести, а ќе учествуваат и претставници од други здравствени установи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.