//
Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно и ветровито

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува  умерен, а долж Повардарието и  во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а дневната од 17 до 24 степени.

реклама

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде околу 11, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во наредните денови во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но ќе биде релативно студено за овој период од годината.

До среда се очекува да дува умерен наместа засилен северен и северозападен ветер. Од четврток ветерот ќе го промени правецот од југоисток, а температурата на воздухот ќе има тенденција на постепен пораст. Од среда кон крајот на денот ќе има услови и за локален краткотраен дожд.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: