Следи нѐ
To Top

НАСА официјално потврди: На Марс е пронајдена течна вода!

На денешната прес-конференција на НАСА главна тема беше планетата Марс и беше откриено дека на Марс има вода која тече под нејзината површина, а тоа е доволен доказ за потенцијален живот на оваа планета.

Научници на Американската вселенска агенција (НАСА) денеска соопштија дека на Марс има вода и тоа не само замрзната, туку и во течна состојба.

реклама

– Марс не е сува, неплодна планета како што некогаш мислевме, изјави на прес-конференција Џим Грин, директор за планетарна наука на НАСА, нагласувајќи дека на „црвената планета“ е пронајдена вода во течна состојба.

Станува збор за солена вода која тече во потоци низ кањоните и кратерите на Марс во тек на летниот период.

Долгите, темни дамки кои водата ги остава зад себе, се појавуваат во текот на најтоплите месеци на Марс, а исчезнуваат кога површинската температура ќе се намали во останатиот период од годината.

И порано постоеле докази дека на Марс има вода, но фактот дека има вода во течна состојба е едно големо научно откритие. Речиси пред четири децении, научниците открија смрзнати капки, додека ерозијата на површината сугерираше дека некогаш на Марс имало реки и океани.

CQAH8uSW8AA9gSU[1]

До сега се веруваше дека Марс е замрзната пустина, при што доказот за вода во течна состојба менува одредени работи за кои експертите во минатото донеле заклучоци. Од НАСА соопштија дека истражувањето на површината на Марс продолжува.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Sci-fi

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.