Следи нѐ
To Top

Регионалната Кнауф академија за првпат се одржа се одржа во Македонија

Традиционалната Кнауф Академија која има регионален карактер, годинава за прв пат се одржа во Македонија. Струга беше домаќин на околу двестотини архитекти, инженери и изведувачи во градежништвото од регионот, кои низ интерактивни работилници се информираа за најновите трендови, новитети, техники и производи кои излегуваат од гигантот во оваа индустрија – германскиот Кнауф.

Годинешниот традиционален собир на професионалци од оваа сфера, го посетија и соработници и партнери на Кнауф од земјите во регионот, како од Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцегоцина, Црна Гора, Косово, како и домаќините од Македонија.

реклама

“Ние во Кнауф се гордееме со иновациски и развојно насоченото производството, затоа и многу внимание посветуваме на едукацијата на соработниците, која е неопходна од аспект на современ пристап кон работата и за запознавање на новите производи, системи, алати и техники во работењето. На овој начин, архитектите, проектантите, трговците, изведувачите, партнерите, имаат можност и практично да се запознаат со новините од Кнауф”, изјави регионалниот директор на Кнауф во Југоисточна Европа, Тодор Деловски.

Регионалната Кнауф Академија е практичен придонес на Кнауф и членките на ГрупацијатаKnauf Insulation и AMF, за постојана едукација и информирање за најновите достигнувања во современото градежништво. Основната идеја на Кнауф Академијата е континуирано да се иницираат теми и да се нудат конкретни решенија, чија цел е зголемување на квалитетот на градењето, а со тоа и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

  • Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

    Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш...

    Информативна Редакцијасептември 28, 2015
  • Чернобил повторно произведува струја

    Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околу Чернобил и на местото каде што се случи...

    Информативна Редакцијасептември 28, 2015
  • Речиси 260 луѓе загинале правејќи самослик

    Со појавата на „паметните телефони“, самосликовите станаа прилично популарни. Но, едно ново индиско истражување покажува дека тие можат да бидат и...

    Информативна Редакцијасептември 28, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.