Следи нѐ
To Top

ФХ3Х изработи дел од ефектите во „Марсовецот“ на Ридли Скот

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х, во соработка со студиото МПЦ Техниколор работеше на дел од ефектите на најновиот филм на Ридли Скот, „Марсовецот“. Филмот ќе почне да се прикажува во Скопје од 1 октовмри, еден ден пред американската премиера.

Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х, истакна дека за работата на овој проект по првпат работеле stereoscopic matchmove техника.

реклама

– На проектот работеа 30 артисти од периодот од март до јули годинава, и беа изработени 207 кадри или 32.25 минути. Филмот е не само Оскаровски материјал, туку можеби според мое мислење ќе биде и најдобриот филм на Ридли Скот во последнава декада. Нестрпливо очекуваме да го погледнеме во целост, изјави Даниловски.

Приказната за „Марсовецот“ базира на истоимената новела на Енди Веир, според сценариото на Дру Годард. Вселенската мисија на Марс е во потрага по австронаутот Марк Ватни (кој го толкува Мат Дејмон), а за кој се претпоставува дека е мртов и е оставен на планетата од страна на екипажот. Ватни се бори да преживее во сурови услови и се обидува да испрати сигнал дека е жив. По откривање на неговиот сигнал, НАСА и научници од целата Земја, заедно со неговиот екипаж соработуваат да најдат начин да го спасат.

Како советник на филмот заради научна точност бил ангажиран директорот за планетарни науки во НАСА, Џејмс Грин. Всушност, научната точност била запазена уште при пишувањето на новелата од страна на писателот Виер, кој темелно истражувал и собирал информации од читателите за да може прецизно да ја долови автентичноста на сите случувања.

Премиерата на „Марсовец“ е во Синеплекс на 1 октовмри во терминот од 20 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.