Следи нѐ
To Top

Во тетовско Групчин пронајдено застрелано 16-годишно момче

На 29.09.2015 година во Полициското одделение-Групчин, С.С.(44) од село Групчин пријавил дека во 18,00 часот, преку негов близок родина, пријавил дека во нива во месноста „Чешма“, што се наоѓа над ова тетовско село, го пронашол починат неговиот 16-годишен син со една влезна рана од огнено оружје, најверојатно пиштол, во левиот дел од градите.

Веднаш бил повикан лекар кој ја констатирал смртта, соопштио денеска МВР. Набрзо по пријавувањето, Јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид.

реклама

На местото на настанот  пронајдено е безживотното тело на малолетникот покрај кој се наоѓал пиштол „Берета“ калибар 9 милиметри, неколку неиспукани куршуми од ист калибар во цевката и шаржерот на пиштолот и една испукана чаура. Покрај тоа, стои во соопштението од МВР, пронајдени и подигнати за вештачење се и други траги, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.