Следи нѐ
To Top

Прошетка на уметноста и поезијата во чест на денот на раѓањето на Никола Кљусев

На 2 октомври, со почеток во 12 часот, Фондацијата Никола Кљусев ќе го реализира проектот “Прошетка низ уметноста”.

Проектот го реализираме со цел да го одбележиме денот на раѓањето на првиот Премиер на независна Македонија, преку музика и поезија, сакајќи да ја претставиме неговата уметничка страна, за која малкумина знаат. Имено, тој има напишано 8 збирки поезија, еден роман; беше страстен обожавател на класичната музика, особено операта, а и самиот често пати пееше оперски арии.

реклама

Прошетката ќе започне во Меморијалниот центар (пред Дом на АРМ) со читање на дел од творбите од поетот Кљусев, по што ќе ја продолжиме прошетката низ плоштадот Македонија до улицата Никола Кљусев (сквер Јадран) и назад по истата патека. За време на прошетката групата Серенада ќе пее староградски македонски песни. Прошетката ќе заврши повторно пред Фондацијата каде што оперската певица Сарафина Фантаузо ќе отпее дел од ариите “О соле мио“, “Санта Лучија“ и други. Исто така, тука ќе земат учество и поети кои ќе говорат за творештвото на Кљусев.

Сите љубители на поезијата и музиката се добредојдени да се придружат на оваа прошетка.

Проектот се реализира со поддршка од Град Скопје.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.