Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Презентиран Виндоус 10 пред корисниците во Македонија

Неверојатниот раст на Windows 10 на светскиот пазар за само нешто повеќе од еден месец е доволен податок дека Мајкрософт направи огромен чекор кон остварувањето на визијата во придвижувањето на луѓето вистински да го сакаат Windows.

После само еден месец повеќе од 75 милиони уреди во светот работат на Windows 10, а според очекувањата на Мајкрософт, во рок од 2 години целта е да има 1-на милијарда уреди со инсталирана верзија на најновиот оперативен систем.

реклама

Вчера во киното Cineplexx беше организиран Windows 10 ден каде официјално во Македонија Мајкрософт го промовираше својот нов оперативен систем пред партнерите и деловните корисници.

Windows 10 e без конкуренција најдобриот Windows кој досега бил објавен и во него се собрани најдобрите искуства, знаење, технологии и иновации. Windows 10 им овозможува на луѓето и организациите да ја зголемат продуктивноста во работењето и целосно да ги реализираат своите потенцијали.

Мајкрософт испорачува единствена платформа која работи на широк дијапазон производи. Има единствена виртуелна продавница за апликации (Store), и единствено искуство на сите уреди почнувајќи од најмалите до најголемите екрани. За Мајкрософт, Windows 10 означува почеток на реализацијата на својата визија за персонализација на компјутерите, односно нивно приближување до потребите на луѓето и начинот на конзумерација, визијата “more personal computing”.

Инаку Windows 10 доаѓа како бесплатна надоградба која ќе биде достапна на квалификувани нови и постоечки корисници на Windows и Windows 8.1 уреди. Тоа е така бидејќи со тоа Мајкрософт сака поголем дел од корисниците на Windows оперативните системи да преминат на Windows 10, бидејќи е целосно посветен и фокусиран да го одржува максимално безбеден и постојано ќе воведува нови можности и функционалности, без дополнително плаќање за истите.

Она што е интересно, а беше и посочено вчера на настанот е идејата на Мајкрософт: еден оперативен систем за низа производи: од телефони и таблет компјутери, па се до Xbox и десктоп компјутери.

Сега го имаме истиот Windows само подобар!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.