Следи нѐ
To Top

Голем пад за Македонија на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од 28 места на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска.

За „црвено-жолтите“ ова е најлош пласман во последните две децении и втор најлош во историјата на независна Македонија.

реклама

Од репрезентациите кои се во квалификациската група за ЕП со Македонија, најдобро пласирана е Шпанија (6. место), Словачка е 18-та, Украина 24-та, Белорусија е на 98.позиција, а Луксембург е на 142. место.

На лидерското место е Аргентина, пред Германија и Белгија. Во ТОП 10 се и: Португалија, Колумбија, Шпанија, Бразил, Велс, Чиле и Англија.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 5 ноември.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.