Следи нѐ
To Top

За одмор на луксузна јахта плаќаат и до 60 илјади евра

На пловечкиот луксуз од 56 илјади тони ќе бидат сместени 542 членови на екипажот, кој ќе се грижи за потребите на 750 патници. Ова ќе биде најлуксузниот брод на компанија Реџент Севн Сис (Regent Seven Seas).

Крузерот Севен Сис Експлорер (Seven Seas Explorer) на своето прво патување од Монте Карло до Венеција ќе тргне во јули следната година. Бродот се уште е во изградба во италијанското бродоградилиште Финкантери, а тој ќе биде четври и најлуксузен во флотата на Реџент Севн Сис.

реклама

Апартманите ќе имаат големи балкони и поглед на море од креветот, додека оние во пентхаусите ќе имаа две соби. Повеќето кабини исто така ќе имаат и мермена бања со голема када и посебна кабина за туширање. Патниците во пентхаусот ќе имаат туш доволно голем за двајца, со млазеви вода кои доаѓаат од сите страни.

Сите кабини имаат и вграден плакар, а доколку сакате да одморите на балконите ќе уживате во подлога од тиково дрво.

– Одлучивме да направиме брод, кој ќе ги надмине стандардите на луксузот и ќе се разликува поради тоа што ќе биде најлуксузниот брод, кој некогаш запловил, изјави директорот на Реџент, Џејсон Монтаг.

Најлуксузен ќе биде Реџент апарматнот од 360 квадрати. Во него патниците на располагање ќе имаат две соби, балкон околу целиот апартман, градина, голем квалир, бар од црн мермер, како и златни лустери и секако голем телевизор.

Овој апратман има и сопствен спа центар со сауна, но и возач со водич во секое пристаниште и билет за лет од прва класа. Двонеделен аранжман за првото патување ќе чини нешто помалку од 60 илјади евра за лице, додека почетната цена за сите патници ќе биде околу 4.000 евра за ноќ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • На Месечината има погребан човек

    На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја посетиле: делови од летала и сонди, камери, ранци, па дури и голф-топче…...

    Информативна Редакцијаоктомври 1, 2015
  • Јапонец ќе биде првиот турист на Месечината

    Јапонскиот милијардер и тајкун од областа на интернет продажбата, Јусаку Маезава (42) ќе биде првиот што туристички ќе ја посети Месечината....

    Информативна Редакцијаоктомври 1, 2015
  • Трите одлики на секој успешен човек

    Кога ги гледате успешните луѓе околу вас, забележувате дека имаат многу заедничко. Сите успешни жени, на пример, блескаат од самодоверба. реклама

    Информативна Редакцијаоктомври 1, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.