Следи нѐ
To Top

Бела ноќ со С.А.Р.С за третиот роденден на Скопје Сити Мол

Секој од нас сака да ја разбие секојдневната монотонија и да доживее нешто несекојдневно и поразлично во главниот град, бидејќи со брзиот начин на живот и секојдневната трка за што подобра егзистенција едноставно забораваме да се опуштиме и да уживаме.

Предизвикот секогаш е ист за оние граѓани кои сакаат да им се понуди нешто ново, досега невидено, несекојдневно и поатрактивно од тоа што досега го доживеале.

Токму поради тоа тука е Скопје Сити Мол, кој веќе 3-та година по ред постојано и успешно ги изненадува своите посетители со бомбастични кампањи, случувања, ревии и настани, од кои во последниот период можат да се издвојат Детското Кралство кое со поставките од средновековието беше полн погодок најмногу за најмладите, како и светскиот FMB Silver настан, Macedonia X-Treme: Balkan Bike Festival 2015, кој со високи скокалници и светскиот шампион Ben Savage, го свртеа светското внимание токму кон Скопје и Македонија.

Во првиот викенд од овој месец, поточно на 3-ти октомври, сабота, Скопје Сити Мол организира Лејт Најт Шопинг со големи попусти до полноќ, а во организација со Општина Карпош, ќе се приклучи во прославата на познатата Бела Ноќ во Скопје во свој стил, со богата музичка програма насловена како „Ем умеам, ем можам“ со цел што поатрактивно да го одбележи и својот 3-ти роденден.

Разновидната програма започнува во 12 часот во сабота каде први ќе настапат децата од основните училишта од општина Карпош во склоп на детската програма, додека во 13:40 атмосферата ќе ја раздвижат од Рок Бендот „Другарите од средно“. Еден час подоцна забавата ќе продолжи со ДЈ Капони, во 16 часот продолжува Лили, а во 17:00 настапува Реквием Бенд. Дополнително, пејачката Нина Јанева заедно со својот бенд, ќе се приклучи на забавата во вечерните часови во 18:00 часот. Во 20:15 часот ќе се оддржи поздравен говор, а во 20:30 пред македонската публика токму во Скопје Сити Мол, свој концерт ќе имаат мега популарните С.А.Р.С. за прекрасен финиш на прославата на 3ти октомври.

Programa

Музичкиот хепенинг кој без сомнение ќе биде најдобриот во Скопје таа вечер ќе биде дополнет со разновидни аниматори кои ќе ги фасцинираат присутните со својата пантомима, куклен театар и одач на штаки. Најмалите пак ќе имаат шанса да се вклучат во Kids Workshops FIMO, каде ќе се креира посебен роденденски накит, како и во работилница за мафини. За енергичните мали посетители на овој настан, танцовиот клуб Dance, ќе заигра со спектакуларен танцов настап со играње и добра музика, а жешката атмосфера ќе ја збогати ДЈ од Сити Радио.

Во склоп на своите роденденски изненадувања, за сите посетители Скопје Сити Мол од 2-ри до 4-ри октомври организира роденденски попусти, а за најсреќниот шанса да стане сопственик на Jeep Renegade. Среќник кој како лојален посетител на молот, ќе има чест да ги слушне зборовите Happy Jeep to You, и со тоа да стане дел од оваа несекојдневна прослава која долго ќе се памети.

Во сабота Скопје Сити Мол сигурно ќе биде најдоброто место за забава овој викенд!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.