Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и ветровито – од утре затоплување со повисоки дневни температури

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 17 до 23 степени.

реклама

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Во наредните денови во земјава ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст, а од недела попладне се очекува зголемување на облачноста и повремени локални врнежи од дожд.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.