Следи нѐ
To Top

Британците трошат пет месеци од животот зборувајќи за времето

Британците во просек трошат пет месеци од својот живот зборувајќи за времето, се наведува во резултати од студија направена за компанијата за спортска опрема Хели Хансен.

Со анкета биле опфатени 2.000 луѓе за кои временската проблематика им се појавува во разговор во просек по трипати дневно. Конверзацијата за температурата, сонцето или дождот обично трае помалку од три минути односно околу 9 минути дневно или – еден час неделно.

реклама

Покрај тоа Британците имаат навика да поставуваат барем еден коментар за времето неделно на некоја социјална мрежа. Трошат и 11 минути неделно проверувајќи временска прогноза на телевизија, телефонска апликација или на интернет.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.