Следи нѐ
To Top

Национална акција за чистење од отпад – „Македонија без отпад 2015“

Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ денеска организираат национална акција за чистење на околината од отпад.

Целта на проектот „Македонија без отпад 2015“ е граѓаните и сите засегнати страни организирано да се вклучат во чистењето на околината.

реклама

Централниот настан во Скопје, како што е најавено, ќе се одржи кај Европската очна болница во општината Ѓорче Петров, а ќе се чисти и трим патеката во должина од 2 километри.

Проектот се спроведува со поддршка од државните институции, локалната самоуправа, јавните и комуналните претпријатија, невладините организации, здруженија на граѓани и месното население.

Повеќе информации за акцијата може да се најдат на веб-страницата www. ajdemacedonia.mk или на општинската веб-страница, а граѓаните доколку забележат неовластено складирање на отпад може да се јават на бесплатниот телефонски број на Центарот за управување со кризи – 195.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.