Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бондовата насловна нумера „Writing’s On the Wall“ од Сем Смит прва на музичките листи во Британија

Музика

Бондовата насловна нумера „Writing’s On the Wall“ од Сем Смит прва на музичките листи во Британија

Песната „Writing’s On the Wall“ од Сем Смит е прва песна од еден филм за тајниот агент Џејмс Бонд што се искачи на првото место на официјалната британска топ листа.

Нумерата од филмот „Spectre“ во првата недела по објавувањето е продадена во над 70.000 прмероци, со што од првото место на британската топ листа ја потисна песната „What Do You Mean“ на Џастин Бибер.

Инаку, ова е петта песна на Сем Смит што се најде на првото место на британската топ листа.

Досега како изведувачи на нумери за филмовите за агентот 007 се јавуваа Адел, Пол Макартни, Мадона, Дјуран Дјуран, Ширли Беси…, но ниту една од овие беше број 1 на листата во Велика Британија.

Најдобро пласирани „Бонд нумери“ беа „A View to a Kill“ на Дјуран Дјуран и „Live and Let Die“ на Пол Макартни, кои успеаја да влезат меѓу топ 10 на листата. Од друга страна, песната „Skyfall“ на Адел, иако не беше на врвот на британската топ листа, заработи Греми и Оскар за најдобра филмска музика.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.