Поврзи се со нас

Популарно.мк

Македонската радио телевизија ги објави изведувачите на фестивалот „Скопје 2015“

МК Сцена

Македонската радио телевизија ги објави изведувачите на фестивалот „Скопје 2015“

Од вкупно седумдесет композиии пристигнати на објавениот конкурс комисијата селектираше осумнаесет, коишто публикатата ќе има прилика премиерно да ги слушне на 12-ти ноември во Метрополис арена, во придружба на ревискиот оркестар на МРТ.

„И годинава имаме шаренило на стилови и музички жанрови. Ќе видиме сплет на изведувачи од постарата и помладата генерација, автори кои одат чекор напред во аранжманите“ – Љупчо Мирковски, уметнички директор на фестивалот.

Фестивалот е од натпреварувачки карактер и за трите првопласирани композиции ќе обезбеди вредни награди. Прво пласираната ќе добие 600 000 денари, втората 450 000 денари, а третата 300 000 денари. За победниците ќе одлучуваат гласовите од телевоутингот и стручното жири.

Оваа година фестивалот не е поврзан со Изборот на песна за Евровизија, така што МРТ дополнително ќе објави на кој начин ќе биде селектиран нашиот претставник за Евровизија 2016, во Стокхолм.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.