Поврзи се со нас

Популарно.мк

„Бекстејџ“ втора година по ред признат како Superbrand на Македонија

МК Сцена

„Бекстејџ“ втора година по ред признат како Superbrand на Македонија

Втора година по ред, естрадниот магазин„ Бекстејџ“ е признат како Superbrand на Македонија. Во друштво на најдобрите и најуспешните компании од Македонија но и од регионот, Бекстејџ вторпат го добива ова престижно и посакувано признание.

Бекстејџ е естраден магазин кој што веќе седма година по ред ја живее својата телевизиска етапа. Низ годините се менуваа лицата,студиото, темите, фокусот…но квалитетот остана ист. Токму тоа е и факторот кој што го препозна стручното жири па и годинава го изгласа Бекстејџ за Superbrand на Македонија.

Ова е единствениот телевизиски формат којшто успеа веднаш до своето име, да го залепи логото на Superbrand на Македонија и тоа двапати.

– „Признанието доаѓа во вистински момент. Во време кога како последен формат од ваков калибар секојдневно се бориме за нови естрадни вести и приказни, во време кога домашната продукција полека но сигурно ја предава борбата…на нас, со едно од најпосакуваните признанија не само во Македонија туку и во регионот, ни потврдуваат дека сме на вистинскиот пат“ – изјави Јулија Цветковска, одговорен уредник на естрадниот магазин Бекстејџ.

Во друштво со најсилните од македонскиот пазар, повеќе од 12.000 потрошувачи и внимателно одбрани експерти го прогласија Бекстејџ за лидер во својата област, врз основа на критериумите за квалитет, сигурност, различност и емотивна привлечност, применувајќи ги меѓународните стандарди на Superbrands.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.