//
Следи нѐ
To Top

Пријателите кои заедно пијат имат поцврсти, поблиски и потрајни односи

Има нешто во пиењето во друштво, кога пријателите без двоумење меѓусебно споделуваат тајни, заедно се смеат на секојдневните случувања и плачат на лошата судбина. Таквите можности неретко меѓу луѓето создаваат поврзаност, која е посилна од вообичаеното во животот, потврдуваат научниците.

Студијата за влијанието на алкохолот врз здравјето и среќата ја спроведе тим научници од Париз. Тие собраа информации од 150.000 луѓе, разделувајќи ги во пет основни групи, според количеството испиен алкохол на ден.

реклама

Меѓу другото, тие заклучија дека луѓето кои умерено конзумираат алкохол се едни од најздравите, но не затоа што пијат, туку затоа што имат активен социјален живот. Тие, исто така, се најсреќни луѓе, пишува Elite Daily.

Од друга страна, тие кои во целост  апстинираат од алкохолот, се склони на дeпресија, покажува друго истражување, спроведено во Норвешка на 38.000 луѓе. Заклучокот е поддржан од страна на психологијата – оној кој не се приклонува кон мнозинството, во овој случај кон повеќето во друштвото кои пијат по некоја чашка, на некој начин се чувствува неразбран и отуѓен.

Луѓето кои од време на време се релаксираат со алкохол, учат уште една голема животна лекција – се е во умереноста.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаоктомври 6, 2015
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаоктомври 6, 2015
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаоктомври 6, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: