Следи нѐ
To Top

Виндоус 10 по два месеци стигна до над 100 милиони корисници

Новиот оперативен систем на Мајкрософт, Виндоус 10 продолжува со успехот и два месци по претставувањето достигна до бројка од 100 милиони корисници.

Аналитичарите тврдат дека пазарниот удел на Виндоус 10 сега изнесува 6,63 проценти, додека во август 5,21 отсто.

реклама

Според овие податоци најновата верзија на Виндоус е четвртиот најзастапен оперативен на светот и се уште е зад своите претходници.

Компанијата прави напори да убеди голем број од своите корисници на Виндоус 7 дека најновиот оперативен систем има голем број предности, освен тоа што е бесплатен. Виндоус 7 е водечки оперативен систем на пазарот до удел од 56,53 проценти.

Виндоус ХП има 12,21 проценти, додека Вондоус 8.1 држи 10,72 отсто од пазарот. Двата оперативни системи бележат пад на корисниците.

Со сите заедно оперативни системи, Виндоус зазема дури 95,37 отсто од уделот на светскиот пазар.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Uncategorized

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.