Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Петте „најлајкувани“ фотографии на Инстаграм на сите времиња

Најпопуларната апликација во светот за обработка и споделување фотографии, Инстаграм го прославува својот петти роденден.

Апликацијата ја покренаа Кевин Систром и Мик Кригер од Сан Франциско, кои ја замислиле како комбинација на социјална мрежа и систем за фотографски услуги.

реклама

Пред точно пет години, апликацијата беше покрената на iOS апаратите, а од тогаш се прошири низ целиот светот и денес има 400 милиони активни корисници месечно и по 800 милиони објавени фотографии секој ден.

Две години по појавата, потенцијалот на Инстаграм го препозна и Фејсбук и го купи за милијарда долари.

Со појавата на Инстаграм настанаа и некои денес многу раширени термини, како „селфи“. Освен тоа, Инстаграм на некои им даде можност да станат славни само поради своите фотографии и добрата заработувачка рекламирајќи разни производи на нив.

Најпопуларните профили очекувано се оние на американските ѕвезди. Тејлор Свифт има 49.9 милииони следбеници, Ким Кардашијан 48 милиони, Бијонсе 47.1 милион…

Но, засега најпопуларна фотографија на Инстаграм е онаа на Кендал Џенер, каде косата и е во форма на срциња. Таа фотографија е објавена пред четири месеци и има повеќе од 3,1 милони лајкови.

1

Втора по популарност е фотографијата на Тејлор Свифт направена покрај цвеќе, што ја објави Кање Вест. Таа за еден месец собра 2,5 милиони лајкови.

2

Трета е уште една фотографија на Тејлор Свифт, на која се наоѓаат таа и нејзиното момче Келвин Харис. Таа за три месеци собра 2,5 милиони лајкови.

3

Четврта фотрографија е од првиот бакнеж Ким Кардашијан и Кање Вест по свадбата. За 16 месеци таа собра 2,4 милиони лајкови, а до пред четири месеци и појавата на фотографијата на Кендал Џенер, таа долго време беше најпопуларна „фотка“ на Инстаграм.

4

Петта најпопуларна фотографија му припаѓа на уште едниот член на семејството Кардашијан-Џенер, Кели. Таа е направена на денот на нејзината матура пред три месеци и засега има 2,3 милиони лајкови.

5

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.