//
Следи нѐ
To Top

Како да се избегне потемнување на забите поради црното вино

Црното вино е познат „непријател“ на забите, првенствено поради бојата која се вовлекува во нив и ги прави темни и неугледни.

Ако неможете да прекинете со пиење на вашето омилено вино, еве неколку совети како забите да Ви останат убави и бели.

реклама

Сирење и вино се добитна комбинација

Вкусот на сирењето е одлична комбинација со вино. Но, дали сте знаеле како сирењето може да ве спаси од „темна“ насмевка?

Сирењето е полно со калциум па нежно ги полни порите на забите и оневозможува црното вино да се вовлече во нив. Сепак, не треба да се претерува – сирењето е многу калорична намирница.

Не мешајте бело и црно вино

Можеби Ви изгледа како добра тактика да се испие малку бело, па малку црно вино, но експерите велат дека тоа е најлоша комбинација.

Киселините од белите вина ја еродираат глеѓта на забите и делуваат како „основа“ за црното вино, кое потоа убаво ќе се наталожи на забите. Изберете – дали сте за бело или за црно вино“?

Што побрзо измијте ги забите

Ако забавата се оддржува во вашата куќа, по неколку часа црно вино, секако мора да се измијат забите.

Ако пиете надвор, веднаш по стигнувањето дома земете ја четкичката за заби во рака.

Со чаша вино и една чаша вода

За подобри заби, со виното пјте и вода, по можност минерална, која ќе направи благ „пилинг“ на забите.

Ако не пиете минерална вода и обичната вода ќе помогне да ги зачувате белите заби и без грижа на совеста да уживате во вашето омилено вино.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаоктомври 8, 2015
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаоктомври 8, 2015
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаоктомври 8, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: