Поврзи се со нас

Популарно.мк

Македонското културно наследство низ модни ревии на дванаесеттиот Моден викенд Скопје

Магазин

Македонското културно наследство низ модни ревии на дванаесеттиот Моден викенд Скопје

Дванаесеттиот Моден викенд Скопје под мотото„Модата и културното наследство“, на 21 октомври во Музејот на Македонија ќе го отвори модна изложба составена од финалните дела произлезени од неколкумесечниот проект „Модата и културното наследство“, додека ревијалниот дел стартува ден подоцна и ќе трае се до 25 октомври.

Модната изложба „Свадбени приказни“ со која ќе започне сезоната есен/зима 2015/2016е во реализација на Британскиот совет во Македонија како организатор, и Европски универзитет –Р. Македонија со Музеј на Македонија како партнери. Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериери кустосите од Музејот, на изложбата ќе претстават приказни преку кои ќе дадат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и накитот од локалните свадбени традиции.

Во текот на целиот Моден викенд во Музејот,под покровителство на “Lotus Lounge Chair”,по првпат ќе се случува “Lotus Cozy Cinema”. Освен краткиот филм„Четврток“ на Милчо Манчевски, ќе бидат прикажании други македонски кратки филмови поддржани од Aгенцијата за филм на РМ и проекции на модни филмови од програмата „Dressing the Screen“обезбедена од Британски совет во Македонија.

Веќе следниот ден на 22 октомври, посетителите на Моден викенд Скопје ќе имаат можност да ја видат ревијата на Игор Марков во Музејот на Град Скопје. Последните три дена (23, 24 и 25 октомври) ќе се одвиваат во Музејот на Македонија, кадешто ќе ги видиме најновите колекции на Јована Филиповиќ, Елена Спасовска , познатата косовска дизајнерка Венера Мустафа, турскиот моден бренд „Kigili“, Митко Занов, Ирина Тошева поддржана од MyTime, Роберт Ивановски, Кристина Цветковска, Олгица Ѓоргиева поддржана од D’Eyeko и за прв пат во Македонија руската модна куќа „ N by Z“.

FWSK image 2

Моделите на модна куќа „N by Z“ која работи една деценија ги потпишува дизајнерката Наталија Злодјарева. Познатата руската модна куќа годишно лансира по две нови колекции и 7 капсулни колекции со ограничена серија а креациите се продаваат во Русија, Шпанија, Грција, Италија и други европски земји.

Како дел од новата сезона на Моден викенд Скопје, ќе биде реализиран и проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките “ кој е поддржан од Министерството за економијана РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации. Проектот резултираше со соработка помеѓу дизајнерката Ирина Тошева и македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“.

Генерален покровител на настанот е Општина Чаир.Моден викенд Скопје со „Пакомак“ ја продолжува еко-приказната „Да го зачуваме зеленилото“ и затоа сите печатени материјали сезонава ќе бидат направени од рециклирана хартија. Официјалниот партнер за шминка е Gosh. За фризурите на моделите ќе се погрижи „Lakme“во соработка со Едукативниот центар „Кариераплус“. Официјалниот дерма бјути партнер е „Vichy“. На дванаесеттото издание „Космо“ни ги презентира официјалните парфеми на настанот : BVL Aqua Divina и La Pantereна француската куќа„Cartier“. Сезонава посетителите на нашите забави ќе можат да го пијат официјалното пиво на настанот, познатото српско пиво „Кабинет“.

Останати покровители на настанот: Министерство за економија на РМ, Британски совет во Македонија и Музеј на Македонија. Поддржувачи на Моден викенд Скопје: Генерален партнер на настаноти оваа сезона е Пелистерка вода Официјално возило на настанот : Porsche, Официјална водка –Finlandia , проектен партнер–Knauf, наш партнер за блескава насмевка-White Glo .

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.