Следи нѐ
To Top

Иновации и нови технологии: Од следната недела започнува саемот Технома 2015

Повеќе од 185 компании од кои 135 домашни и 50 странски учесници ќе присуствуваат на овогодинешната 41-ва по ред меѓународна саемска манифестација, ТЕХНОМА 2015, која ќе се одржи од 13-ти до 17-ти октомври на Скопски саем.

Имено, Технома е бренд кој четири децении ги oбeдинувa прeтстaвницитe нa нajгoлeмитe дoмaшни, нo и стрaнски прoизвoдитeли вo oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедување и заштита. Според најавите се очекуваат повеќе од 25 илјади посетители.

реклама

Истовремено, за време на Технома ќе бидат отворени и 16-от Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 36-та Меѓународна изложба на иновации, Макинова. Во фокусот на ТЕХНОМА 2015 ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и LED технологиите.

– „Потврда на меѓународниот карактер на ТЕХНОМА се учествата на компании од цела Европа и пошироко од светот. На Технома 2015 ќе учестуваат компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван (Taiwan External Trade Development Council) и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија (Taiwan Trade Center Sofia). Исто така на Технома 2015 ќе се претстават и повеќе фирми од Унгарија. Технома 2015 ќе се простира во 3 хали во кои ќе се претставуваат фирмите, додека во 4-та хала ќе се одвиваат Макинова и Форумот за иновации и технолошки развој, изјави оперативниот директор на Технома 2015, Валентина Димитрова.

Во 4-та хала се и технички факултети со постер презентации на истражувања на професори и студенти, што всушност е и новитетот на саемот.

– „Нашата идеја беше да се поврзат претпријатијата со научните и високо-образовани институции со цел формирање на партнерства и можност за аплицирање со заеднички проекти до Фондот за Иновации и Технолошки развој. Постер презентациите треба да придонесат кон промовирање на истражувањата на факултетите пред бизнис заедницата и да овозможат нивна примена кај некое претпријатие со цел подобрена перформанса. Фондот и Скопски саем за прв пат го организираат и Форумот за Иновации и Технологии, на кој секој ден ќе има можност за информирање и дискусија со претставници на голем број национални и регионални организации кои обезбедуваат поддршка на претпријатијата, со претставници од високообразовни институции и истражувачи. Дискусиите е предвидено да бидат тематски поврзани со инструментите за финансиска поддршка на Фондот односно „Финансирање на иновации“, „Соработка за развој на иновации“, „Секторски пристап во трансфер на технологии“ и „Ден за старт ап претпријатија“. Конкурентнтноста и растот на претпријатијата зависи од нивниот стратешки пристап кон иновациите и технологиите, затоа истите ги поддржуваме преку кофинансираните грантови за иновации и трансфер на технологии и ги охрабруваме да ги достават своите предлог проекти за вториот јавен повик најдоцна до 21ви октомври. , изјави Директорот на Фондот за Иновации и Технолошки Развој, Јасмина Поповска.

Меѓународниот саем, Технома, е важен промотор на развојот на индустриското стопанство во регионот, па поради тоа со самите новитети кои секоја година овој саем ги прикажува, граѓаните се повеќе се интересираат и го посетуваат.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.