Следи нѐ
To Top

ТРОЕН КОНЦЕРТЕН СПЕКТАКЛ: Мирослав Илиќ, Зорица Брунцлиќ и Џенан Лончаревиќ на 4 декември во Скопје

4 декември е датум резервиран за тројниот музички спектакл со Мирослав Илиќ, Зорица Брунцлиќ и Џенан Лончаревиќ!

Концертот на кој на иста сцена ќе застанат три имиња од соседството ќе се одржи во арената “Борис Трајковски”, а истиот ќе биде збогатен и со виртуозите на хармоника Мирољуб Аранѓеловиќ – Кемиш и Миша Мијатовиќ.

реклама

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (12.10.2015) по цена од 400 денари, и тоа преку продажната мрежа на купикартизасе, во Розе – Веро 2, ресторанот Окарина и во билетарницата во “Борис Трајковски”.

Уште една информација која веруваме ќе ви биде интересна, а го оправдува скорото доаѓање на Мирослав Илиќ во Скопје, е фактот што токму овој ќе биде неговиот проштален концерт пред заминувањето во музичка пензија.

Фактот дека сака и со македонската публика да се прости како што доликува се оправдува со тоа дека за нашата земја го врзуваат бројни спомени, бидејќи токму во Скопје ги поминал студентските денови.

12091156_10206990566298365_4307231339393598262_o

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.