fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фејсбук со сопствен сателит ќе обезбеди бесплатен интернет во Африка

Интернет

Фејсбук со сопствен сателит ќе обезбеди бесплатен интернет во Африка

Најголемата социјална мрежа планира идната година во орбитата да пушти сателит што ќе треба да обезбеди интернет во домаќинствата во Африка.

Фејсбук за овој проект се здружи со француската компанија „Еутелсат“ со чија помош ќе пушти сопствен сателит, со кој треба да обезбеди пристап до глобалната мрежа на луѓето во субсахарска Африка.

Сателитот ќе биде лансиран идната година, а во втората половина на 2016 година интернет ќе има во 14 држави во западна, источна и јужна Африка. Најдобра вест е тоа што интернетот во руралните области ќе биде целосно бесплатен.

– Мисијата Фејсбук е да го поврзе целиот свет и веруваме дека сателитите имаат важна улога во решавање на значајни пречки што постоат во поврзување на народот на Африка со останатиот свет, изјави Крис Фанијелс од Фејсбук интернет.орг иницијативата, што веќе поврзува на интернет 20 држави во светот.

Фејсбук и Еутелсат ќе закупат сателит од израелската компанија „Спејском“ и ќе го користат одвоено.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.