Следи нѐ
To Top

Вин Дизел се ослободи од заоблениот стомак за шест дена!

Фотографијата која Вин Дизел (48) ја сподели на Инстаграм можеби и не би била чудна ако актерот само пред неколку дена не беше снимен во едно сосема поинакво издание.

Тогаш, фотографите го сликале без маица како шета по балконот на хотел во Мајами, а до израз дојде неговиот заоблен стомак. Тоа беше многу изненадувачки затоа што холивудскиот актер е познат по неговото привлечно тело.

реклама

Коментарите на социјалните мрежи го натераа Дизел да преземе нешто во врска со тоа прашње, па во неделата на Инстаграм сподели фотографија од стомакот кој ни најмалку не наликува на оној од пред неколу дена.

– Фотографија од синоќа. За оние кои сакаат шоу. За оние кои го сакаат моето тело без оглед на се, напиша Вин во описот.

Неговиот стомак повторно е рамен и мускулест, а неговите обожаватели не можеа да се нагледат на ново – стариот изглед.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.