Следи нѐ
To Top

За продолжениот викенд 40 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 40 сообраќајни незгоди.

На 9 октомври, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден возач на трицикл.

реклама

На 10 октомври, сабота, извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив, 12 се последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.

На 11 октомври, недела, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Сообраќајката се случила во 20 часот и 30 минути на бул. „Мајка Тереза“ помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Гостивар. По случената незгода пешакот со возило на Брза помош е пренесен во Ургентниот центар заради укажување на помош каде се констатирани тешки телесни повреди.

На 12 октомври, недела, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив седум се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден пешак.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Гоце Делчев“ кое се наоѓа во населено место Горно Лисиче со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.