//
Следи нѐ
To Top

Нема обвинување за ловџијата што го застрела лавот Сесил во Зимбабве

Властите во Зимбабве соопштија дека нема да покренат обвинување против американскиот ловџија Валтер Палмер, затоа што го застрела лавот Сесил, симболот на Националниот парк Хванге.

Во објаснувањето на властите се вели дека Палмер, богат американски стоматолог и страствен ловџија, не ги прекршил законите во Зимбабве, затоа што имал дозвола за лов на лавови.

реклама

Министерот за животна средина, Опах Мачунгин, претходно се закануваше дека владата во Хараре ќе бара од САД екстрадиција за Палмер, за да биде изведен на суд, но сега објаснува дека властите ги повлекуваат сите обвинувања, откако откриле дека Американецот не е виновен.

Палмер кој во американските медиуми беше остро напаѓан затоа што го уби лавот Сесил, признаваше дека згрешил и дека жали поради тоа, но инсистираше дека неговиот лов во Зимбабве бил легален и со сите потребни документи.

Иако нема да има обвинување за Американецот, властите во Зимбабве одлучија да продолжи судењето против Тео Бронкхарст, кој бил водич во ловот на Палмер.

Тој го отфрла обвинувањето дека „не успеал да спречи илегален лов“.

Министерот Мачунгин изјави во Хараре дека по убиството на Сесил, владата забрзано подготвува нови законски мерки кои ќе ги регулираат условите за добивање дозвола за ловење.

Лавот Сесил беше туристичка атракција во Националниот парк „Хванге“ најмногу поради својата црна грива. Лавот беше стар 13 години и важеше за пријателски настроен кон посетителите на паркот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаоктомври 13, 2015
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаоктомври 13, 2015
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаоктомври 13, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: