Следи нѐ
To Top

ФОТО: Вива соковите привлекоа внимание на најпознатиот саем во оваа индустрија – Ануга 2015

Најголемиот македонски производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци, компанијата Вивакс, успешно се претставува на најпознатиот саем во оваа индустрија – Ануга 2015, што се одржува во Келн, Германија.

Целосниот асортиман под брендот Вива го привлече вниманието на експертите од прехранбениот сектор на саемот кој што се одржува еднаш на две години. Ануга е најзначајниот и најголемиот саем за храна во Европа, но и во светски рамки, а Вива е првата компанија за производство на сокови од Македонија која се претставува на оваа исклучителна манифестација што ги собира релевантните производители, добавувачи, дистрибутери и сите битни компании во прехранбената индустрија.

реклама

„Покрај новите партнерства и бизнис врски, контакти за присуство на нови европски и светски пазари, изложувањето на производите е од исклучително значењето и затоа што градите и препознатливост на брендот кон професионалците од овој сектор. На големите саемски манифестации, а Ануга е најголема од овој вид, освен на промотивните активности, насочени сме и кон размена на искуства и информации за последните трендови во прехранбената индустрија “, изјави Тања Атанасова, маркетинг менаџер на Вивакс.

VIVA_Anuga 2015

Саемот Ануга се одржува по 33-ти пат и е познат како глобална точка каде се сретнуваат сите значајни фактори во прехранбената индустрија, менаџери, трговци и сопственици на големи продажни ланци, водечки импортери како и добавувачи за големи компании. Статистички, на саемот Ануга, во просек, има околу 6.000 изложувачи од стотина земји, а изминатата година бил посетен од 150.000 посетители. Квалитетот на содржината, како и меѓународниот фокус, се главните атрибути на оваа саемска манифестација.
Високиот квалитет, извонредниот вкус и атрактивниот дизајн на широката палета производи под брендот Вива и овој пат го привлекоа вниманието на посетителите, а се остваруваат и повеќе иницијални контакти со сериозен потенцијал за идна соработка.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.