Следи нѐ
To Top

СДСМ: Договорот од Пржино веќе не е активен

Социјалдемократскиот сојуз се повлекува на консултации во партијата во однос на кршење и непочитување на Договорот од Пржино, кој веќе не е активен и не е во функција, и во тој дух ќе соопштиме понатамошни наши чекори кои ќе следуваат по консултациите во СДСМ, изјави попладнево Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ како реакција на неизбирањето на тимот на специјалниот обвинител.

– Ова денеска што се случи со неизборот на тимот на обвинители на специјалниот јавен обвинител, де факто значи дека Договорот од Пржино е прекршен. Исто така, прекршен е и Законот за специјалното јавно обвинителство за којшто, впрочем, се договаравме сите политички партии учесници во процесот на договарање, рече Спасовски.

реклама

На прашање дали е постигнат договор за Изборниот законик, тој одговори дека се друго е ирелевантно штом има прекршување на Договорот.

Спасовски додаде дека откако ќе ги заврши партиските консултации СДСМ ќе го соопшти ставот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.