Следи нѐ
To Top

Почна вакцинацијата против сезонски грип

Во сите центри за јавно здравје во државата почна вакцинацијата против сезонски грип. Обезбедени се 31.000 вакцини.

Вакцинирањето против сезонски грип се препорачува најмногу за постарите лица, хронично болните лица, посебно оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, дијабетес, како и за бремени жени, здравствени работници и за мали деца со намален имунитет.

реклама

Вакцината против сезонски грип е произведена согласно препораките на Светската здравствена организација. Штити од вирус на грип од типот А (Х1Н1), типот А (Х3Н2) и од групата Б. Вакцинирањето против сезонски грип чини 400 денари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.