//
Следи нѐ
To Top

ТАКСИРАТ и Д ФЕСТИВАЛ се номинирани за Европските фестивалски награди!

Сред подготовките за своето седумнаесетто издание, „Таксират“ фестивал седма година по ред влегува во конкуренција на најдобрите фестивали во Европа со номинација за Европските фестивалски награди (Europe Festival Awards)!

Покрај тоа, годинава задоволството од ова натпреварување е уште поголемо и со веста за уште една номинација и тоа за единствениот летен фестивал кај нас, „Д ФЕСТИВАЛ“! Годинава во Дојран се одржа петтото и досега најголемото издание на „Д Фестивал“ кој за прв пат ја има честа да биде дел од оваа фестивалска манифестација. По шесте претходни номинации, „Таксират“ веќе не е осамен во трката за престижните фестивалски титули, а годинава заедно и со „Д Фестивал“ на Европските фестивалски награди, Македонија всушност прв пат учествува со два фестивали.

реклама

„Таксират“ е номиниран во категориjaта за „Најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор“ (Best indoor festival), a „Д Фестивал“ во категоријата за „Најдобар мал фестивал“ односно фестивал чија публика брои до 10.000 посетители дневно. Нашите фестивалски претставници се во борба за наградите во конкуренција со повеќе од 30 фестивали од над 15 земји во Европа, за секоја од категориите.

Европските фестивалски награди се најпрестижното меѓународно признание за препознавање на напорната работа на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. В

о повеќето од категориите, вклучувајќи ја и номинацијата на „Таксират“ и „Д Фестивал“, за наградите одлучува публиката, со онлајн гласање, со што фестивалските фанови имаат можност да покажат колку и каде најмногу уживале.

Гласајте за „Таксират“ и „Д Фестивал“ и освојте по два билети за секој од победничките фестивали!

Повикот да ги поддржите „Таксират“ и „Д Фестивал“ во ова натпреварување е упатен и отворен за сите, а својот глас можете да го дадете на овој линк: https://www.surveymonkey.com/r/TLB8Z6C.

Гласањето е отворено за јавноста од денес на пладне (четврток, 15. октомври) и ќе се спроведува сѐ до 12. ноември 2015. Во секоја категорија може да се гласа само за еден фестивал, а со секое гласање влегувате во извлекувањето за „Dream Summer“ наградата, со која среќниот добитник ќе биде награден со по две влезници за победничкиот фестивал од секоја категорија.

Десетте најдобри фестивали според публиката, за секоја категорија, ќе бидат објавени по затворањето на јавното гласање, а победниците на Европските фестивалски награди ќе бидат прогласени на свечената церемонија која ќе се одржи на 13. јануари 2016. година во Гронинген, Холандија, на отворањето на конференцијата „Еуросоник Нордерслаг“ (Eurosonic Noorderslag).

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: