//
Следи нѐ
To Top

Audi урива рекорди во продажбата и покрај тешките услови на пазарот

Во Европа минатиот месец регистрирано е зголемување на продажбата за 8,8 % со што компанијата го доживеа најдобриот септември на овој континент во својата историја. Тоа најмногу се должи на силниот старт на новиот Audi Q7, а до средината на следната година ќе бидат промовирани уште 15 нови или надградени модели.

Дури 170.900 нови модели на Audi во септември за првпат излегоа на улиците низ целиот свет со што етаблираната компанија од германскиот град Инголштат минатиот месец забележа пораст на продажбата за неверојатни 6,8 %.

реклама

Само на европскиот пазар регистрирано е зголемување за 8,8 % и тоа најмногу се должи на силниот старт на новиот Audi Q7 поради што брендот со четири прстени го доживеа и најдобриот септември во целото свое постоење со продадени речиси 80.000 возила.

– Во време на тешка пазарна состојба во важни региони, гледаме како нашата продажба во третиот квартал е позитивна. Растот во Европа покажува дека новите модели генерираат дополнителни зголемувања – изјави Лука де Мео, член на одборот за продажба и маркетинг во AUDI AG.

Спредено со септември минатата година, Audi минатиот месец успеа да испорача повеќе или околу 4900 нови возила од семејствата Audi Q7 и Audi TT. До средината на следната година, компанијата има намера да лансира уште 15 нови или надградени модели на глобалниот пазар со што дополнително ќе ја зголеми продажбата. Покрај Audi Q7, чија продажба е повеќе од дуплирана (+171.0%) во Европа во септември, моделите А7 и А8 исто така постигнаа позитивни резултати.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: