Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со повремен дожд – од вторник значителен пад на температурата

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб, а долж Повардарјето умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 17 до 22 степена.

реклама

Во Скопје слично време, променливо облачно со услови за повремен слаб дожд и со умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со помала веројатност за појава на локален дожд. Повеќе врнежи и пад на температурата се очекува од вторник.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.