Следи нѐ
To Top

iPhone 6S и iPhone 6S Plus од денеска достапен и во Македонија!

iPhone 6s и iPhone 6s plus веќе од денес се достапни во продажните салони на Вип и на ОНЕ во Скопје, во верзии од 16 GB и 64 GB и во различни бои.

Новите iPhone 6s и iPhone 6 Plus изгледаат речиси идентично како и нивните претходници од надворешната страна, но однатре станува збор за сосема нови уреди со иновации на секое ниво.

реклама

aНајголема и најзначајна промена е А9 чипот кој има до 90% подобри графички перорманси споредено со претходните модели и 3Д екран на допир кој може да ја препознае силата на допирот за да овозможи нови функции. Значајни предности се постигнати и со новата камера со 12MP, со која може да се снимаат 4К видео записи.

iPhone 6s со 16GB е достапен во Вип No limit тарифниот план за 23.999 денари или 24 месечни рати од 999 денари, додека iPhone 6s Plus 16 GB е достапен во истата тарифа за еднократен надоместок од 29.999 денари или 24 месечни рати од 1.249 денари. Оваа понуда е достапна во тарифното портфолио на Вип во продажните места на Вип.

Во продажните места на брендот ОНЕ, iPhone 6s со 16GB е достапен во ОНЕ Total XXL тарифниот план за 27.999 денари, додека iPhone 6s Plus 16 GB е достапен во истата тарифа за еднократен надоместок од 33.999 денари.

Телото на телефонот е направено од алуминиумска легура од серијата 7000, која се користи во авио-индустријата. Екранот е заштитен со најсилното и најдолготрајното стакло кое некогаш е користено за паметен телефон.

Новите карактеристики на екранот овозможуваат нови можности за навигација. Уредот сега може да ја препознае силата на допирот на екранот, а многу други опции се поедноставени и подостапни.

Новиот А9 процесор има инфраструктура од 64-bit, со што се подобруваат перформансите за 70%, а графичкиот процесор се подобрува за 90%, што го прави овој уред способен да ги поддржи и апликациите и игрите со најголеми барања.
iOS 9 е најнова верзија на iOS оперативниот систем, познат по својата интелигенција, безбедност и брзина, што го прави еден од најпосакуваните оперативни системи во светот.

iPhone 6s е достапен во сребрена, златна, вселенски сива и розе-златна варијанта. iPhone 6s има 4.7 инчен дисплеј, додека iPhone 6s Plus доаѓа со 5.5 инчи Retina HD дисплеј со 3D екран на допир.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.