Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно, со повремени сончеви периоди – од вторник дожд и засилен северен ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во северозападните делови не е исклучено да има и слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 17 до 22 степена.

реклама

Во Скопје променливо облачно со повремени сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Повеќе сончеви периоди ќе има во недела кога максималната дневна температура ќе се движи од 18 до 23 степени.

Во понеделник кон крајот на денот и во наредните денови времето ќе биде со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и засилен северен ветер, а од среда се очекува и опаѓање на температурата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.