Следи нѐ
To Top

Македонија домаќин на Балканските спа награди

Македонија првпат е домаќин на Балканските Спа Награди кои се доделуваат во осум категории, а за нив се натпреваруваат учесници од осум балкански држави.

Ќе бидат доделени награди за најдобар спа-хотел, најдобар спа- центар, најдобар здравствен спа – хотел, најдобар спа-менаџер, најдобар спа-козметика, најдобра фирма за изградба на спа, најдобра спа- инвестиција и најдобар спа- ланец.

реклама

За престижните наградиќе се натпреваруваат учесници од Македонија, Бугарија, Турција, Грција, Романија, Косово, Албанија и Србија.

Од Македонија ќе учестуваат девет номинирани субјекти од спа- индустријата, и тоа Дебарски Бањи-Цапа, Хотел Изгрев, Хотел Аурора, Хотел Русија и др.

Жирито за евалуација на номинираните е составено од спа- експерти од сите држави кои се вклучени во мрежата на организацијата „Спа номинации“.

Добитниците на наградите ќе имаат можност да присуствуваат на доделувањето на светските спа награди кои ќе се одржат во февруари во Лондон.

Церемонијата ќе се одржи во Македонскиот народен театар, која ќе ја отвори министерот за економија Беким Незири. Специјални гости ќе бидат претставници на неколку светски хотелски асоцијации, стопански комори и инвеститори. Домаќини на церемонијата ќе бидат Сашко Коцев и Ивана Хаџиевска. Дел од програмата ќе бидат и светски познатите „Трио тенорите“ и акробатскиот уметник Сирма Добрева, како и нашата позната поп пејачка Тамара Тодевска.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.