Следи нѐ
To Top

Утре во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се промовира спортот преку семејните вредности

Утре од 12 до 14:00 часот во СЦ Борис Трајковски ќе се одржи проектот „Спортот и семејните вредности“ чија основната намена е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортските активности да се дружат повеќе меѓусебно.

На самиот настан на кој ќе присуствуваат и неколку познати македонски репрезентативци со своите семејства ќе бидат организирани наменски игри со натпреварувачки карактер со цел да можат децата и родителите да уживаат, да се забавуваат и да го јакнат спортскиот дух на семејно ниво во арената во која деновиве беше промовирана новата монтажно-демонтажна поставка за поделба на салата во 3 помали терени.

реклама

Ивце Пивце со својата Весела дружина, кловнови, паркур артисти, скокање во вреќи, влечење јаже, вртење хула-хоп, кој најдолго ќе реди со пинг понг топче, фудбал или ракомет, родителите и дечињата во игра со врзана една нога, куглање во сала со топка за ритмичка гимнастика, хокеј во сала, со пинг понг рекет носење на топка фудбал или кошарка до одреден простор, карате, тенис и слични игри ќе бидат на мени за сите семејства кои ќе бидат дел од најмасовниот семеен спортски настан во недела.

Присутни на настанот ќе бидат и Директорот на СЦ Борис Трајковски, г. Златко Перински како и Директорот на Агенција за млади и спорт, г. Марјан Спасески и многу други познати ликови со своите семејства.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.